Финалистот од Лигата на шампионите, италијанскиот тим Интер, го најави своето прво летно засилување – Маркус Турам. Францускиот репрезентативец доаѓа како слободен играч по четири сезони поминати во Борусија (Менхенгладбах).
Напаѓачот, кој за еден месец ќе наполни 26 години, е син на легендата Лилијан Турам. Неговиот договор со Интер ќе биде на пет години со плата од 6 милиони евра.
Тој досега настапувал за Сошо, Гингамп и Борусија Менхенгладбах, а роден е во Парма, каде што играше неговиот татко. Турам го избра Интер пред Милан, каде му понудија речиси иста плата.