Интер е сериозно аинтересиран за потписот на напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, пишува „газета дело Спорт“.
Според изворот, „нероаѕурите“ ја забрзале работата за трансферот, вклучително и со цел да го победат Милан, кој исто така покажал интерес за играчот.
Оваа сезона Тареми одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и даде една асистенција. Тареми до 26 години настапуваше во иранскиот шампионат, по што замина во катарски Ал-Гарафа, од каде една година подоцна како слободен играч замина во португалскиот клуб Рио Аве, од каде и дојде во Порто.