Голманот на Интер, Андре Онана деновиве ќе го потпише договорот со екипата на Манчестер Јунајтед.
Англискиот гигант го договорил трансферот на 27-годишниот Камерунец за сума од 50 милиони евра. Во сумата како бонус Интер може да добие уште 5 милиони евра, во зависност од настапите и резултатите на Онана.
Вчера Камерунецот се појави на стартот на тренинзите на Интер за новата сезона, но очигледно наредниве денови ќе замине за Англија каде ќе треба да ги мине лекарските прегледи пред да го потпише договорот.