Фудбалерот од средниот ред на Хофенхајм, Флоријан Грилич, на крајот од сезоната може да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.
26-годишниот австриски репрезентативец одби да го продолжи договорот со германскиот клуб и на 30 јуни ќе стане слободен играч.
Интер и Рома се заинтересирани да го ангажираат Грилич во текот на летото, и наскоро ќе почнат преговори со неговиот агент.