Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер и Шахтјор се борат за финале со Савиља
    Фудбал

    Интер и Шахтјор се борат за финале со Савиља

    risteBy riste17/08/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Интер и Шахтјор Доњецк ќе го дадат вториот финалист во Лига Европа вечерва од 21.00 часот на „Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф.

    Доцна синоќа Севиља обезбеди место во последниот натпревар од оваа сзона во Лига Европа, откако направи целосен резултатски пресврт против претходно најавениот фаворит Манчестер Јунајтед.

    Италијанците се исто така фаворити во натпреварот кој не очекува вечерва, но нивните добри резултати може да бидат прекинати од украинскиот тим, кој оствари импресивен успех со 4:1 над Базел во четвртфиналето. Тренерот на Интер, Антонио Конте нема да направи измени во составот и ќе започне со истите 11 од победата од 2:1 над Баер (Леверкузен).

    Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, еден од најдобрите напаѓачки парови во Европа, ќе бидат во нападот. Интересно е што Аргентинецот сè уште нема гол во Европа, додека Лукаку постигна гол на девет последователни натпревари во Лигата на Европа.

    Против Шахтјор, моќниот Лукаку ќе има тешката задача да го надмудри грузискиот дефанзивец од 192 сантиметри, Давид Хочолава, кој се враќа во составот на својата екипа.

    Оваа година се одбележува 10-годишнината од последниот европски триумф на Интер и победата во Лигата на шампионите. Во Милано се надеваат дека чекањето заврши, но сè ќе зависи најнапред дали ќе го поминат Шахтјор Донецк.

    Можни состави:
    Интер: Хандановиќ, Годин, Де Фрај, Бастони, Д’Амброзио, Барела, Брозовиќ, Гаљардини, Јанг, Лукаку и Мартинез.
    Шахтјор Донецк: Пјатов, Матвиенко, Хочолава, Кривцов, Додо, Степаненко, Антонио, Таисон, Патрик, Марлос и Мораеш.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Де Бруин е новиот капитен на Белгија

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    • Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.