Интер има резервна опција за засилување на средниот ред ако преговорите за повлекувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид бидат неуспешни.
Во таков случај „нероазурите” планираат да ги пренасочат напорите кон полудефанзивецот на Манчестер Сити Илка Гундоган.
Тренерот на Интер Лучијано Спалети го повика клубот да привлече квалитетен играч од средниот ред. Прв избор за оваа цел е Лука Модриќ, а другата опција е Гундоган, за кого раководството на клубот е подготвено да извади 40 милиони фунти, за да го донесат Германецот на „Џузепе Меаца”.
Сепак, привлекувањето на Гундоган, исто така, може да биде многу тешка задача. Од Манчестер Сити нема лесно да се разделат со овој фудбалер, особено по неуспехот во обидот за трансфер на Жоржињо од Наполи, кој избра да го засили составот на Челзи.