Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер ја одбил понудата на Челзи за Ромелу Лукаку
    Фудбал

    Интер ја одбил понудата на Челзи за Ромелу Лукаку

    risteBy riste28/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, очигледно, нема да го напушти тимот во летниот преоден рок. Според одредени информации кои ги објавија медиумите во Италија, Челзи се обиде да го добие играчот.

    „Сините“ преку посредници му  понудиле на Интер 130 милиони евра за Ромелу Лукаку и изразиле подготвеност да платат помала сума со вклучување на напаѓачот Тимо Вернер во зделката. Сепак, Интер ја одбил понудата. Познато е дека самиот Белгиец исто така не е подготвен да го напушти миланскиот клуб, каде е клучен играч и еден од лидерите.

    Покрај Лукаку, Челзи гледа и на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд како главно засилување во нападот. Лукаку му припаѓаше на Челзи од 2011 до 2014 година, а во Интер игра од 2019 година. Минатата сезона, 28-годишниот напаѓач одигра 36 натпревари во Серија А, постигна 24 гола (шест од пенал) и даде 11 асистенции.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.