Самир Ханданович ќе остане на голот на Интер до 2022 година објавија денеска медиумите на Апенините. Тоа значи дека првиот голман на „нероаѕурите“ ќе остане активен на фудбалските терени и кога ќе има 38 години.
Интернационалецот од Словенија се активираше во екипата од Милано во 2013 година кога го напушти составот на Удинезе.
Тој ја носи капитенската лента откако Мауро Икарди влезе во расправија со челниците на тимот. Деталите околу новиот договор ќе бидат објавени во наредниот период.