Интер ќе даде понуда од 38 милиони евра за играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, а тоа ќе се случи во јануари, тврдат медиумите во Италија.
Хрватот веќе не е во почетниот состав на Ернесто Валверде, откако пристигнува Френки де Јонг и не се очекува подобрување на ситуацијата околу искусниот фудбалер. Неговото име се поврзуваше со заминување уште ова лето. Сепак, на крајот, тој реши да остане и да се бори за место во почетните единаесетти, но досега ова беше неуспешно.
Меѓу екипите кои се заинтересирани за хрватскиот репрезентативец е и францускиот шампион ПСЖ. Ракитиќ учествуваше само во шест натпревари на Каталонскиот гигант оваа сезона.