Раководството на Интер е подготвено да ја укине клаузулата за откуп на својата ѕвезда Мауро Икарди, пишува весникот „La Repubblica“.
Одлуката беше донесена на инсистирање на новиот генерален директор на клубот Џузепе Марота. Тој е на мислење дека новиот, проширен договор за напаѓачот, со фиксна цена од 80 милиони евра, ќе биде добар за двете страни.
Овој договор со Иркарди е до 2021 година. Постои точка во која се вели дека неговата клауза за откуп е 110 милиони евра, важи само за еден месец во лето и за клубовите надвор од Италија.
Двете страни преговараат за обновување неколку месеци, но не можат да се договорат. Во последно време напнатоста ескалираше, а на Иркарди му беше одземена капитенската лента и не играше против Рапид Виена.
Тогаш Интер објави дека нивниот голгетер е повреден. Претходно беше најавено дека Икарди инсистира на годишна плата од 7,5 милиони евра без бонуси. Во моментов Мауро Икарди има годишна плата од 4,5 милиони евра, што е многу помалку од она што го бара со новиот договор.