Белгискиот фудбалски напаѓач, Ромелу Лукаку, се наоѓа на излезната врата на „Олд Трафорд“ бидејќи не влегува во плановите на тренерот Оле Гунар Солскјер, проценуваат медиумите кои се блиски до англискиот гигант.
Според наведеното, 26 годишниот напаѓач е со едната нога во Интер и само се чека официјална потврда на трансферот. Познато е дека „нероаѕурите“ потенцираа дека го сакаат Лукаку а самиот фудбалер објави дека сака да игра за тимот од Италија кој го води Антонио Конте.
Според последните најави, висината на трансферот ќе биде околу 80 милиони евра. Таа сума најверојатно ќе ја прифатат челниците на Манчестер Јунајтед за да го ослободат од обврските Лукаку.