Интер е подготвен да понуди нов договор на Антонио Кандрева до јуни 2021 година. 31-годишниот играч не одигра добро оваа сезона и се очекуваше да биде ставен за продажба, откако не успеа да постигне ниту еден гол, а имаше само 8 асистенции.
Кандрева често беше исвиркуван од фановите на „нероазурите”, но сега сосема изненадувачки се појави информацијата на „Скај Италија” дека тој нема да биде продаден, а дури и ќе добие предлог за продолжување на договор со клубот.
Сегашниот договор на играчот беше до 2020 година, па тој ќе биде продолжен за уште една година. Фудбалерот сепак нема да добие зголемување на платата, која ќе остане под истите параметри како досега. Кандрева дојде во составот на Интер од Лацио во 2016 година за сума од 22 милиони евра.