Интер веќе работи на можно обновување на договорот со Лаутаро Мартинез, тврди „Кориере дело Спорт“.
Плановите се агентите на Аргентинецот да пристигнат во Милано на разговори по претстојната пауза од шампионатот. 23-годишниот напаѓач има договор на уште три сезони, а неговата откупна клаузула изнесува 111 милиони евра.
Минатото лето Барселона сакаше да го привлече, но високата цена ги предомисли Шпанците. Каталонците исто така испробаа опција со вклучување на играчи во зделката, но Интер рече „не“.

