Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез може да го продолжи договорот со италијанскиот клуб. Ова го објави весникот „Газета дело Спорт“ во денешното интернет издание.
Бидејќи управата на Интер нема намера да се раздели со Мартинез, клубот е подготвен да ја дуплира платата на 3 милиони евра годишно + бонуси. Италијанците исто така ќе го променат износот за обештетување од 111 милиони евра, или ќе го зголемат.
Средба на претставниците на клубот со агентот на фудбалерот е закажана за декември. За аргентинскиот напаѓач заинтересирани се од Барселона, Реал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и други клубови.
Лаутаро Мартинез се пресели во Интер летото 2018 година од Расинг. Сумата на трансферот беше 14 милиони евра. Оваа сезона, 22-годишниот напаѓач постигна 8 гола и 3 асистенции. Договорот на фудбалерот со италијанскиот клуб важи до летото 2023 година.