Челниците на Интер се на чекор да го обезбедат потписот на фудбалерот, Паоло Дибала, кој во текот на летото ќе си замине од редовите на Јувентус, објавија денеска медиумите на „Чизмата“.
„Нероаѕурите“ ќе му понудат на Аргентинецот договор за три години со вкупна сума од 21-ен милион евра плус бонуси.
28-годишниот играч во сезонава се појави на 24 мечеви со ефект од 8 голови и 5 асистенции.