Американскиот тим Интер Мајами веќе избра датум за официјално претставување на аргентинската суперѕвезда Лионел Меси и неговиот поранешен шпански соиграч во Барселона Серхио Бускетс.
За прв пат по речиси 20 години, ниту Меси, ниту Бускетс следната сезона нема да го носат дресот за каталонскиот гигант, играјќи рамо до рамо во фудбалската МЛС лига во САД.
Трансферите на двајцата беа објавени на социјалните мрежи на Интер Мајами, а клубот има намера да ги претстави како нови засилувања на 16 јули, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Потоа Интер Мајами ќе се сретне со екипата на Сент Луис Сити.