Прес-службата на Интер Мајами излезе со информација за повредата на 37-годишниот аргентински напаѓач Лионел Меси, која ја доби на неодамнешниот натпревар со Атланта Јунајтед во МЛС лигата. Средбата заврши со победа на тимот од Мајами, Меси постигна гол.
„Меси беше подложен на магнетна резонанца за да се процени состојбата на аддукторниот мускул. Тој доживеа непријатност за време на натпреварот против Атланта. Резултатите од прегледот потврдија присуство на полесна повреда на аддукторниот мускул. Сеуште не знаеме дали ќе може да учествува на претстојните натпревари“, напишаа од прес-службата на клубот.
Да потсетиме, Меси поради повреда не се најде во ростерот на репрезентацијата на Аргентина за претстојните квалификациски натпревари за СП 2026 против Уругвај и Бразил.

