Интер продолжува да инсистира со тоа дека нема да ја продаде својата sвезда Лаутаро Мартинез во Барселона, но сепак според одредени потези кои ги прават се подготвуваат да го заменат со двајца нови играчи, пренесува „Газета дело Спорт“.
Станува збор за Оливие Жиру од Челзи и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, а Интер планира да ги привлечат и двајцата. И Французот и Габонецот беа поврзани со трансфер во Интер изминатата зима. Жиру ќе стане слободен агент по крајот на сезоната, додека Обамејанг не брза повторно да се потпише нов договор со „топџиите“ бидејќи неизвесно е дали тие ќе учествуваат во евро куповите во следната сезона.
Доколку пристигнат на „Џузепе Меаца“ ќе бидат уште двајца нови играчи кои доаѓаат од Премиер лигата во тимот предводен од Антонио Конте.

