Големата ѕвезда на Сасуоло од штотуку завршената сезона, Матео Политано, сака да ја продолжи кариерата во Интер.
24-годишниот фудбалер во текот на зимата беше на чекор до тимот на Наполи, но, договорот пропадна во последната минута. Сега се појавија информации дека екипата од Неапол ќе направи повторен обид да дојде до потписот на Политано иако според „Газета Дело Спорт“, во игра се вклучува и тимот на Интер.
Наводно, тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, посакал да го купи голгетерот на Сасуоло и со тоа да ја засили конкуренцијата во нападот. Во моментов, Интер е принуден да продаде дел од играчите за да ги задоволи барањата на УЕФА за финансиски фер-плеј.