Интер не се откажува од идејата да го привлече напаѓачот на Рома, Един Џеко во своите редови. Претставниците на Интер оствариле средба со агентот на фудбалерот.
Силвано Мартина, кој е дел од менаџерскиот тим на босанскиот интернационалец, бил забележан вчера во попладневните часови во канцелариите на Интер. Се верува дека Рома дала сигнал дека сепак може да се согласат да го продадат Џеко. Досега од Рома инсистираа да добијат 20 милиони евра за 34-годишниот напаѓач, но може да согласат за одредено намалување на цената.
Во Интер, итно им треба нов напаѓач, откако клубот реши да не смета на Мауро Икарди. Во моментов Интер го има само Лаутаро Мартинез како класичен напаѓач.