По се изгледа, сагата за трансферот на Лука Модриќ во Интер не е завршена. Според дел од највлијателните италијански медиуми, хрватскиот репрезентативец и натаму е решен да ја напушти Шпанија и да се пресели во Италија.
33-годишниот играч за врска на хрватската репрезентација, сака по секоја цена да ја смени средината и веројатно повторно да заигра во лига сос војот поранешен колега, Кристиано Роналдо.
Интер се обиде да го купи Модриќ ова лето, но преговорите меѓу двата клуба не дадоа резултат. Реал не сакаше да го продаде поради слабата понуда на „нероаѕурите“ кои го бараа креативецот на позајмица и не сакаа да платат полна сума за трансферот.
Откупната клаузула од договорот на Модриќ со Реал е е во висина од 700 милиони евра.