Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, нагласи дека денешната пресметка со Барса во елитата на Европа, може драстично да влијае на текот на сезоната и евентуалниот пласман во фазата на елиминации.
„Нероаѕурите“ во текот на викендот загубија од Рома во дербито во Серија „А“ што дополнително внесува немир во екипата. Тоа го потенцира и Инзаги.
„Мислам дека одигравме добар натпревар против Рома и заслуживме подобар резултат. Сега ќе играме против одличен тим“ – рече тренерот на Интер на средбата со новинарите.