Интер ја одбил понудата вредна 100 милиони евра за нивниот голгетер Ромелу Лукаку, објавија новинарите Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.
Таа дојде од поранешниот клуб на напаѓачот на Челзи, каде во својот предлог го вклучија левиот бек Маркос Алонсо, кого го бараат од Интер.
Италијанскиот шампион нема намера да ја продаде својата голема sвезда. Лукаку исто така не е заинтересиран да се врати на „Стемфорд Бриџ“, каде одигра само 15 натпревари помеѓу 2011 и 2014 година, а потоа беше префрлен во Вест Бромвич Албион, па во Евертон.
Интер е подготвен да го продаде Лаутаро Мартинез во случај на примамлива понуда од Атлетико Мадрид или Арсенал, но белгискиот репрезентативец дефинитивно не е на продажба.