Екипата на Барселона продолжува да бара решение како да го донесе напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, но нема намера да му плати откупна клаузула од 111 милиони евра на Интер.
Затоа, тие ќе треба да преговараат за неговиот трансфер. Од Интер не сакаат да се разделат со својот играч, но покрај одредена сума, тие веќе идентификуваа двајца играчи на Каталонците во случај да се постигне договор во разговорите меѓу двата клуба, пишува „Газета дело Спорт“. Станува збор за десниот бек Нелсон Семедо и играчот од средниот ред Карлес Алења.
Прашање е колку Барселона би се сложила со оваа варијанта да ги даде овие двајца играчи за да го донесе Лаутаро Мартинез, посебно ако се знае дека Семедо се снаоѓа добро на неговата позиција, а 22-годишниот играч од средниот ред Алења го сметаат за еден од најголемите таленти на тимот.