Интер е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, објавија медиуми блиски до „нероаѕурите“. Според истите, раководството на италијанскиот тим смета дека Шпанецот ќе биде сериозно засилување за тимот и сака да го ангажира како слободен играч.
Пред неколку недели беше објавено дека играчот од средниот ред планира да го продолжи договорот со мадридскиот клуб, но засега нема никаков договор на хартија.
Актуелниот договор на шпанскиот репрезентативец со Реал Мадрид истекува во јуни оваа година. Себаљос е дел од Реал од летото 2017 година.
26-годишниот играч од средниот ред оваа сезона одигра 46 меча за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол.
