Интер ги започна разговорите со Челзи за дефанзивецот Емерсон Палмиери. Бразилецот со италијански пасош сака да се врати во Серија А, а тренерот Антонио Конте инсистираше кај управата на клубот да го привлече овој играч, информираше „Скај Спорт Италија“.
Поранешниот лев бек на Рома и Конте работеа заедно на „Стемфорд Бриџ“ за време на престојот на тренерот на Интер во Челзи.
Тој беше привлечен во јануари 2018 година за 20 милиони евра. Во овој период, Емерсон одигра само 53 натпревари за „сините“, не успеа да го смени Маркос Алонсо од почетниот состав на Челзи.