Милански Интер е само уште еден во низата клубови кои тргнаа по потписот на еден од најдобрите фудбалери во француската Лига 1 минатата година, Малком од Бордо. Според новинарите на „Газета дело Спорт“, Интер почнал разговори со Бордо околу цената на трансферот на Малком, за кого сериозно е заинтересиран и Арсенал, но и ПСЖ, Ливерпул, Баерн (М) и Тотенхем.
Францускиот клуб го проценува бразилскиот фудбалер на 50 милиони евра, а Интер веројатно ја разгледува опцијата да ја понуди оваа сума и да добие предност во преговорите.
Минатата сезона, 21-годишниот напаѓач учествуваше на 35 натпревари од француската Лига 1, во која постигна 12 гола и имаше уште 7 асистенции.