По веста дека Интер ќе го привлече Диего Година како слободен агент во летниот трансфер период, сега „нероазурите” размислуваат да направат уште еден голем трансфер и повторно да не платат ни цент за тоа.
Италијанските медиуми јавуваат дека Интер ќе се обиде да го засили нападот со ветеранот на Баерн Минхен Аријен Робен, чиј договор со Баварците истекува по крајот на сезоната. Холанѓанецот, кој ќе наполни 35 години на крајот на месецот, игра за Баерн од 2009-та година, а пред тоа го носеше дресот на Реал Мадрид, Челзи и ПСВ Ајндховен.
Личниот менаџер на Робен е веќе во контакт со раководството на Интер за да го понуди на италијанскиот гигант.