Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, се сретна со претставници на Барселона оваа недела за да разговараат за двајца одбранбени играчи од Каталонците.
„Нероаѕурите“ веќе работат на трансфер пазарот за следната сезона, откако Милан Шкрињар најверојатно со слободен трансфер ќе се пресели во ПСЖ. Интер е во потрага и по напаѓач, бидејќи вчера беше објавено дека Ромелу Лукаку ќе биде вратен во Челзи.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Аусилио зборувал за Клемент Ленгле и Самуел Умтити. Првиот игра на позајмица во Тотенхем, а вториот во Лече.