Интер ја разгледува можноста за позајмица на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, со опција за откуп, објави „Газета дело Спорт“.
Данскиот репрезентативец имаше тешка сезона со „црвените ѓаволи“ минатата сезона. Тој постигна 10 гола, но само четири од нив беа во Премиер лигата.
Извршниот директор на Интер, Пјеро Аусилио, вчера бил во Лондон. Тој направил првичен контакт со „црвените ѓаволи“ за да ја дознае моменталната ситуација на Хојлунд.
Јунајтед се чини дека е отворен за продажа на Данецот, а Интер планира да предложи договор за позајмица со клаузула за откуп во вредност од 45 милиони евра.

