Претседателот на фудбалскиот состав Интер, Стивен Жанг, преговара со неколку компании од Кина за спонзорски договори.
Според „Кориере дело Спорт“ , екипата од Милано сака да го замени сегашниот спонзор – „Пирели“ чие лого стои на дресот на „нероаѕурите“. Наводно италијанскиот состав има неколку добри финансиски понуди за спонзорство кои доаѓаат од Истокот.
Се претпоставува дека станува збор за компанијата – „Hisense“ која е активна во бизнисот со електрична опрема.

