Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер против Ливерпул во мега пресметка од 1/8 финалето на ЛШ
    Фудбал

    Интер против Ливерпул во мега пресметка од 1/8 финалето на ЛШ

    risteBy riste16/02/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Интер и Ливерпул вечерва ќе се соочат во првиот меѓусебен натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Ова е една од најинтересните пресметки од оваа фаза, а од дербито очекуваме да видиме два спектакуларни натпревари меѓу екипи кои сакаат атрактивен фудбал. Првиот дел од битката е вечерва на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде секој од двата тима ќе сака да постигне позитивен резултат кој ќе му даде предност пред реваншот.

    Иако е еден од најуспешните клубови во Лигата на шампионите со три трофеи во својата историја, Интер во последните години е во сенка на другите екипи. Сега, за прв пат по 10 години, тимот повторно стигна до елиминациската фаза. Тој стигна до овој момент, завршувајќи на второто место во својата група Д со 10 бодови, зад победникот Реал Мадрид.

    Интер е во тешка битка за Скудетото со Милан и Наполи и не може да си дозволи да ги фокусира сите сили во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ секако потајно се надеваат дека ќе направат голем пробив во ова натпреварување, но тоа во моментов не е главната цел. Сепак, Симоне Инзаги има многу добар тим, кој не може да се потцени, туку напротив – може да создаде проблеми за секој што ќе му застане на патот.

    Во Ливерпул ситуацијата е слична, но не баш целосно. На „Енфилд“ потерата продолжува со Манчестер Сити во битката за титулата во Премиер лигата, но Ливерпул веќе заостанува зад „граѓаните“ и нивните шанси за успех таму се намалуваат. Така, тие можеби ќе одлучат да се фокусираат повеќе на Лигата на шампионите, каде што честопати доаѓаа до изненадувања низ годините. Ливерпул оваа сезона секако е меѓу фаворитите на турнирот, а ѕаква улога има  и во оваа 1/8 финале со Интер.

    „Црвените“ стигнаа до оваа фаза апсолутно без проблем, освојувајќи ја групата Б со 6 победи од 6 натпревари. Ова е уште една причина да ги ставиме во улога на фаворити во пресметката со Интер.

    Овие два тима двапати се сретнаа во елиминациски пресметки во Лигата на шампионите (КЕШ). Првиот пат Интер победи со вкупен резултат 4:3 во полуфиналето во сезоната 1964-65. Потоа, во сезоната 2007-08, Ливерпул се одмазди во 1/8 финалето, победувајќи со 3:0 во двата натпревари.

    Важен податок кој мора да го забележиме пред денешната пресметка е дека Интер на својот „Џузепе Меаца“ покажува завидно добра форма. Од почетокот на 2021 година, тимот има само 3 порази во 30 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

    Симоне Инзаги вечерва не може да смета на повредените Хоакин Кореја и Робин Госенс, а за овој меч е казнет Николо Барела.

    Јирген Клоп нема проблеми со составот, па дури ќе може да го искористи новото засилување Луис Дијаз, кој беше пријавен за продолжението од сезоната во ЛШ.

    Лига на Шампиони, 1/8 финале, прв натпревар:

    ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ

    Веројатни состави:
    ИНТЕР: Хандановиќ, Шкрињар, Де Фрај, Бастони, Дамфрис, Видал, Брозовиќ, Чалханолу, Перишиќ, Џеко, Мартинез.

    ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Алкантара, Салах, Жота, Мане

    Стадион: „Џузепе Меаца“ – Милано
    Судија: Шимон Марчињак (Полска)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Патот кон ЕП го започнавме со победа

    23/03/2023

    Семин: Кварацелија игра неверојатно добро

    23/03/2023

    Гетце: треба да се вратиме на победите

    23/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Патот кон ЕП го започнавме со победа
    • Семин: Кварацелија игра неверојатно добро
    • Гетце: треба да се вратиме на победите
    • Будка: фановите ги почитуваат руските фудбалери
    • Тотенхем гледа во Компани замена за Конте
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.