Барселона продолжува да преговара со Интер за трансферот на напаѓачот Лаутаро Мартинез, објави новинарот Николо Скира на Твитер .
Италијанскиот клуб има намера да заработи со продажба на напаѓачот 90 милиони евра. Исто така, клубот од Милано планира во рамките на овој трансфер до донесе еден играч од редовите на Барселона. Според истиот извор, Барселона веќе постигнала договор со Мартинез. Договорот ќе биде дизајниран за пет години, додека платата ќе биде 12 милиони евра годишно.
Исто така се тврди дека Барселона има намера да го заврши договорот до крајот на овој преоден рок. Оваа сезона, Лаутаро Мартинез во Серија А постигна 12 гола и оствари шест асистенции на 27 натпревари. Интер по 30 одиграни кола од италијанскиот шампионат е на 3-то место.