Италијанскиот тим Интер е заинтересиран за францускиот напаѓач Оливие Жиру, кој сега настапува за Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“.
Во лицето на Жиру, од Интер гледаат замена за Алексис Санчез, кој подолго време е надвор од комбинација за настап поради повредите кои ги има.
Самиот Жиру нема ништо против де се пресели од Англија во Италија од многу причини. Од една страна, тој ќе биде поблизу до своето семејство. Од друга страна, тој бара договор до јуни 2021 година, што значи загарантирани пари.
Тој им рекол на своите менаџери дека сака 8 милиони евра по сезона. Во текот на оваа сезона, Жиру има одиграно 9 натпревари и постигна 4 гола во сите натпреварувања.