Интер е чекор од реализација на трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид за 40 милиони евра, пренесува „Скај Италија“.
Утре репрезентативецот на Мароко ќе го одигра својот последен натпревар за Борусија (Дортмунд), каде беше позајмен во последните две сезони. Информациите за цената се малку изненадувачки, откако до неодамна се тврдеше дека Реал Мадрид ќе бара најмалку 60 милиони евра.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Хакими ја дал својата согласност за трансферот. Тој се надеваше дека ќе добие шанса на „Сантијаго Бернабеу“, но изгледа дека нема да се случи тоа. Реал има 13 позајмени играчи, од кои повеќето треба да се вратат по истекот на позајмицата, а ова станува проблем за Зинедин Зидан.
Сериозен интерес има за крилниот играч има и од Баерн (Минхен). Борусија Дортмунд исто така, сака да продолжи да се потпира на него, и покрај тоа што вчера потпишаа со Томас Муниер, кој исто така делува на десната бековска позиција.