Симоне Инзаги веројатно ќе остане на клупата на Интер, најави за италијанските медиуми првиот оперативец во клубот, Бепе Марота.
„Верувам дека останува. Не бевме толку добри во Серија „А“ но , Наполи одигра одлична сезона. Се друго е позитивно – вели Марота.
„Нероаѕурите“ го освоија Супер Купот на Италија, имаат шанса да се борат за пехарот во Купот а обезбедија и одличен резултат со Милан во првата средба од полуфиналето во Лигата на Шампионите.