Хрватскиот интернационалец и репрезентативец Анте Ребиќ стана трансферен приоритет за италијанскиот Интер.
Нероазурите подготвуваат нова понуда за фудбалерот на Ајнтрахт (Франкфурт), тврди „Скај Германија“, но додаваат и дека оваа екипа нема апсолутно никаква желба да се разделат со својата ѕвезда, откако веќе ги продадоа другите двајца од напаѓачката „тројка“ од минатата сезона – Себастијан Алер и Лука Јовиќ.
25-годишниот играч игра за Франкфурт од 2016 година, го освои Купот на Германија во сезоната 2017/2018, а досега има вкупно 95 натпревари со 22 постигнати голови, 11 асистенции и 26 жолти картони за својата екипа во сите натпреварувања.
Од Интер, гледаат во лицето на Анте Ребиќ одлична алтернатива на Ромелу Лукаку, кој во моментот се чини дека е далеку од трансферите во Серија А.