Екипите на Интер и Ал-Насер конечно постигнаа договор за трансферот, со кој играчот за врска Марсело Брозовиќ ќе ги напушти Милано и ќе замине во правец на Саудиска Арабија.
Зделката ќе биде комплетирана во понеделник, а се работи за сума од 23 милиони евра. Самиот играч ќе добие тригодишен договор со нето плата од 20 милиони евра по сезона или околу три пати повеќе од парите што ги добиваше во гигантот од Милано. Така, 30-годишниот хрватски интернационалец ќе стане соиграч на Кристијано Роналдо, а многу брзо и на Хаким Зиеш.
Брозовиќ помина 8 години во Интер, одигра 330 натпревари за тимот, постигна 31 гол и освои 1 Скудето, 2 Купа на Италија и 2 национални Суперкупа.