Фудбалерот на Интер, Хуан Куадрадо, целосно закрепна и тренира заедно со соиграчите пред утрешното дерби против неговиот поранешен тим Јувентус.
Миланскиот гигант ќе гостува во Торино во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А.
Само двајца играчи на Интер ја пропуштија последната тренинг сесија на тимот – Алесандро Бастони и Бенџамин Павард.

