Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер со предност пред вечерашниот реванш против Милан
    Фудбал

    Интер со предност пред вечерашниот реванш против Милан

    risteBy riste16/05/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Двата италијански фудбалски гиганти Интер и Милан се среќаваат во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој е на програмата вечерва од 21 часот. Пред една недела, во првата средба на „Сан Сиро“ избраниците на Симоне Инзаги победија со 2:0, со што станаа фаворит за продолжување до финалето во Истанбул, каде за противник ќе го имаат Манчестер Сити или Реал Мадрид (1:1 во првиот натпревар).

    Минатата среда „нероаѕурите“ погодија со два гола на самиот старт на натпреварот, по што Милан не успеа да одговори. Ова сега ќе биде петта сезонска средба меѓу градските ривали, откако тие беа ривали во финалето на италијанскиот Суперкуп и се сретнаа двапати во лигата. Интер има три успеси на овие натпревари наспроти еден за избраниците на Стефано Пиоли.

    Рафаел Леао, кој поради повреда го пропушти првото полуфинале, сега е здрав и треба да учествува во дуелот. Во него навивачите на Милан го гледаат човекот кој може да им обезбеди пласман во финалето. Сепак, тимот го загуби Исмаел Бенасер, кој беше повреден на првата средба.

    Во Интер проблемите се поврзани со отсуството на Милан Шкрињар (повреда), а под знак прашалник е Хоакин Кореа. Воедно, Ромелу Лукаку е во исклучителна форма и продолжува да постигнува голови во Калчото, но се чини дека повторно ќе остане на клупата на сметка на Един Џеко.

    Паралелно со борбата во Лигата на шампионите, миланскиот гигант се бори и за пласман во ЛШ преку Серија А. Таму Интер е во одлична форма и го зазема третото место со 5 бода повеќе од Милан, кој е петти и засега останува надвор од настап во ЛШ следната сезона, секако доколку не го освои трофејот оваа сезона.

    Друга предност за Интер во реваншот ќе биде тоа што ќе има повеќе свои навивачи на трибините, иако пред една недела тоа не му помогна на Милан кога беше обратно.

    Можни состави:
    Интер: Онана, Дармиан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитаријан, Димарко, Мартинез и Џеко
    Милан: Мањан, Калабрија, Томори, Кјаер, Тео Ернандез, Тонали, Круниќ, Салемакерс, Брахим Диаз, Леао и Жиру.
    Судија: Клемен Турпан (Франција)
    Стадион: „Џузепе Меаца“ – Милано

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган

    05/06/2023

    „Сините“ купија голем талент од Парагвај

    05/06/2023

    Абрахам има тешка повреда

    05/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган
    • „Сините“ купија голем талент од Парагвај
    • Абрахам има тешка повреда
    • Албанецот си замина од Рим
    • Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.