Екипата на Ливерпул вечерва го пречекува италијанскиот Интер во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите.
На првиот меч во Милано, Ливерпул успеа да победи со 2:0 и самоуверено очекува пласман во следната фаза. Од таборот на Интер се надеваат на чудо, но тоа е малку веројатно, бидејќи Ливерпул моментално игра во одлична форма.
Повредени во составот на домаќините се Тиаго Алкантара, Жоел Матип и Роберто Фирмино. Тројцата веќе тренираат со главната група, но менаџерот Јирген Клоп веројатно нема да ризикува да ги врати во игра.
Можно е египетската суперѕвезда Мохамед Салах да остане резерва, а наместо тоа на теренот да излезе Луис Дијаз како партнер во нападот со Диого Жота и Садио Мане.
Интер е свесен дека го чека тежок натпревар и дека нема да биде лесно да се анулира предноста на домашната екипа. Сепак како подигнување на самодовербата може да им биде убедливата победа од 5:0 над Салернитана минатиот викенд, но тоа не е критериум.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги нема да смета на Николо Барела, кој одлежува казна. Негова замена најверојатно ќе биде Артуро Видал. Иван Перишиќ се враќа во тимот на левото крило, а нападот ќе го предводат Хоакин Кореа и Лаутаро Мартинез.
Веројатни состави:
Ливерпул: Алисон, Александар-Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Кеита, Дијаз, Жота, Мане.
Интер: Хандановиќ, Бастони, Де Вриј, Шкрињар, Перишиќ, Чалханоглу, Брозовиќ, Видал, Дамфрис, Мартинез, Џеко.