Италијанскиот гигант Интер покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен и Австрија, Давид Алаба, пренесува германскиот „Спорт 1“.
Тренерот на Интер, Антонио Конте е голем обожавател на Алаба и го сакаше додека беше менаџер на Челзи. Договорот на Алаба истекува на крајот на следната сезона и интересот за него расте. Интер ќе има сериозна конкуренција за потписот на Австриецот, откако Барселона и Реал Мадрид веќе објавија интерес за овој фудбалер.
Агент на играчот е менаџерот Пини Захави, кој сè уште не преговарал со Баерн за продолжување на неговиот договор.