Интер се подготвува за еден од најголемите трансфери ова лето. Според информациите кои ги објавија најтиражните италијански спортски весници “Кориере дело Спорт” и “Газета дело Спорт”, „нероазурите“ се подготвуваат да го купат хрватскиот репрезентативец од екипата на Реал (М), Лука Модриќ.
Според последните информации тимот од Милано веќе воспоставил контакт со претставниците на хрватскиот фудбалер и тимот има за цел да го доведе во своите редови во следните неколку дена. Сè уште не е јасно што ќе биде понудата која Интер ќе им ја престави на “кралевите” за него.
Главен проблем, сепак, може да биде високата плата на Модриќ, но тоа нема да откаже Интер на крајот можеби да се одлучи да го отвори ќесето за да го добие еден од најдобрите креатори на играта во моментов.