Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер заинтересиран за напаѓач кој постигнал над 30 гола во сезоната
    Фудбал

    Интер заинтересиран за напаѓач кој постигнал над 30 гола во сезоната

    risteBy riste16/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Директорите на Интер се сретнаа со претставници на напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер, пишува „Газета дело спорт“.

    Сепак, преставниците на Интер биле информирани дека холандскиот гигант бара 35 милиони евра за 27-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска, кој има одлична сезона во дресот на клубот од Амстердам и е еден од најпродуктивните напаѓачи во Европа. Досега оваа сезона Алер ​​има постигнато 32 гола на 34 натпревари во сите натпреварувања. Има 19 гола во шампионатот на Холандија и 11 во Лигата на шампионите.

    Интер во моментов не сака да плати толкава сума за играчот, но самиот играч е отворен за трансфер во Серија А и двете страни ќе останат во контакт.

    Алер не е единствениот напаѓач кој е на радарот на италијанскиот шампион. Интер веќе започна преговори со Сасуоло за Џанлука Скамака. Потенцијална опција за миланскиот гигант е и Ромелу Лукаку, бидејќи во моментов се чини дека Белгиецот не се чувствува среќен во Челзи и е отворен за враќање на „Џузепе Меаца“. Сепак, финансиската состојба на Интер во моментов најверојатно нема да му дозволи на клубот повторно да потпише со Белгиецот.

    Алер го носи дресот на Ајакс од јануари 2021 година, а во кариерата претходно има настапувано за Оксер, Утрехт, Ајнтрахт (Франкфурт) и Вест Хем.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.