Интер е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун, пренесува „Атлетик“.
Од Интер се подготвени да платат околу 40 милиони евра за 22-годишниот напаѓач, но Арсенал има намера да добие најмалку 58,5 милиони евра од продажбата на Балогун.
Се потенцира дека во моментов Интер комуницира со претставниците на играчот. Се уште нема официјална понуда од италијанскиот тим.
Во сезоната 2022/2023, Балогун играше за францускиот Ремс на позајмица. На сметка на младиот напаѓач се 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 22 гола и две асистенции. Договорот на фудбалерот со Арсенал е со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 30 милиони евра.
Интер наводно се повлече од трката за напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку.