Сојузот на хотелиерите во Тенерифе им понуди на челниците на шпанската фудбалска федерација и на раководството на Ла Лига, сите преостанати натпревари од сезоната да ги одиграат на Канарските острови.
Претставниците на здружението го оправдаа предлогот нагалсувајќи го фактот дека Тенерифе и остатокот од Канарските острови се изолирани од копното на Шпанија. Поради кризата предизвикана од пандемијата на корона, хотелиерите претрпуваат големи финансиски загуби.
Во исто време, Канарските острови имаат одлични капацитети и доволно хотели кои можат да ги примат сите 42 екипи од Ла Лига и Сегунда дивизија.

