Вечерва не очекува мечот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во 1/2 финалето до Лигата на шампионите, а еве што велат бројките пред оваа прва средба меѓу две екипи кои имаат најмногу меѓусебни натпревари во Евро куповите.
* Двата клуба се среќаваат по четврти пат во фазата на елиминација во последните седум години. Во претходните три случаи, Реал Мадрид двапати беше конечен победник, а Баерн – еднаш.
* Реал Мадрид ги доби последните пет натпревари против Баварците, постигнувајќи 13 гола, а прими само четири.
* Кристијано Роналдо постигна седум гола на последните три средби со тимот од Минхен и вкупно девет во шест натпревари против Баварците.
* Баерн е во полуфиналето на Лигата на шампионите по 11-ти пат, исто толку има и Барселона. Само Реал (Мадрид) има повеќе учества во оваа фаза – 13 пати.
* Баварците вкупно 18 пати играле во полуфинале на КЕШ и Лигата на шампионите, од кои 10 пати се квалификувале во финалето, но осум пати беа елиминирани (вклучувајќи ги и последните четири).
* Гигантот од Минхен досега има 20 случаи да се сретне со шпански тим во фаза на елиминациикаде се играле по два натпревари, 10 пати поминале понатаму и 10 пати биле елиминирани.
* Баерн нема домашен пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.
* Реал (Мадрид) по 29-ти пат е во полуфиналето во КЕШ и Лигата на шампионите, 15 пати стигнал до финалето , а 13 пати биле елиминирани.
* Реал Мадрид ќе стане првиот тим со 150 победи во ова натпреварување, до овој момент имаат 149 победи.
* Кралскиот клуб загуби две од последните шест гостувања во Европа, но веќе има победено во Германија оваа сезона – 3:1 во Дортмунд против Борусија.
* Реал (Мадрид) досега имаше 25 натпревари со германските ривали кога се играле по два натпревари. 17 пати поминал понатаму, а осум пати биле елиминирани.