Одличниот напаѓач на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, со досегашните 77 асистенции го има 10-то место гледано во историјата на Премиер-лигата.
Во тој показател лидер е Рајан Гигс со (162) пред Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102). Денис Бергкамп е петти со 94 асистенции пред Давид Силва со 93. Стивен Џерард е седми со 92 успешни додавања а го следат Џејмс Милнер со 85 асистенции и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам.
Де Бруин кој го затвора Топ 10 според бројот на асистенции, најверојатно ќе успее да се пробие и повисоко на списокот бидејќи дел од рангираните пред него одамна се во фудбалска пензија.