Фудбалерите на Јапонија ќе мора да се вратат во татковината откако во крајно интересна завршница загубија од Белгија со 3-2 во 1/8 финалето на СП во Русија.
„Самураите“ имаа предност од 2-0, но дозволија противникот да дојде до нерешен резултат а потоа и до победа со гол постигнат во последните секунди од мечот. Стрелецот на вториот гол за Јапонците, Такаши Инуи, со солзи во очите покажа колку е големо разочарувањето во неговата селекција .
„Не требаше вака да заврши нашиот мундијалски сон. Имавме водство од 2-0 а потоа му дозволивме на противникот да победи. Тешко е, навистина е многу тешко да се прифати поразот“, изјави Инуи.