Задоволен од одличниот резултат на првиот четврфинален меч со Бенфика, тренерот на Интер Симоне Инзаги, откри дека тој и неговиот тим учат од критиките на јавноста, но не смета дека победата синоќа е клучна за пласман во полуфиналето.
, бидејќи има уште 90 минути од битката која следува во Италија.
„Сигурно играчите одиграа голем натпревар на многу жежок стадион. Задоволен сум од борбата. Тоа е само прво полувреме, но во Европа покажавме дека можеме да играме добро. Свесни сме дека имаме аванс, но ништо не е готово. Немавме успех на последните натпревари, но игравме добро. Има многу замор кај играчите, но ќе мора да бидеме подготвени за уште едни 90 минути. Знаевме дека создаваме шанси и дека ќе се промени нашата среќа. Ги слушаме и читаме критиките кои имаат кредибилитет, ги учиме лекциите“, вели Инзаги.